ШТАЈНЕР, Михаел

ШТАЈНЕР, Михаел (Мицхаел Стеинер) (Минхен, СРГ, 28. Ⅺ 1949) – германски дипломат. Бил шеф на Канцеларијата за врски за германската хуманитарна помош во Загреб (1991–1992), шеф на Координативното тело за мултилатерални мировни напори во МНР (1992-1994), шеф на Специјалното одделение за мировни напори за поранешна Југославија (1994–1995), германски член на Контакт-групата за Југославија (1994–1995), главен заменик на Високиот претставник на меѓународната заедница за БиХ (1996–1997), специјален претставник на Генералниот секретар на ООН за Косово (2001–2003), во чиј мандат (на 23. Ⅴ 2002) Привременото собрание на Косово усвојува Резолуција за непризнавање на Договорот за опис и протегање на границата меѓу РМ и СРЈ. штајнеровата позиција е дека Договорот мора да се почитува и во таа насока ги вложува сите напори, вклучувајќи го и прогласувањето на Резолуцијата за ништовна. ИЗВ.: Министерство за надворешни работи на РМ, Скопје 2007. Т. Петр. шТЕДЕЊЕ. Националното штедење го сочинуваат штедењето на населението (непотрошениот дел од доходот на населението), состојбата на буџетското салдо (буџетскиот суфицит го зголемува националното штедење, а буџетскиот дефицит претставува негативно штедење) и нераспределениот дел од профитот на претпријатијата. штедењето претставува основен извор на инвестициите. Иако различна во различни временски периоди, склоноста кон штедење на населението во СРМ, била прилично висока (тоа може да се утврди и од релативно високото учество на банкарските кредити во финансирањето на инвестициите во периодот 1965–1975) и давала значаен придонес во финансирањето на инвестициите и во динамиката на растот. Непосредно по монетарното осамостојување, Македонија доживува остар пад на штедењето. Така, бруто домашното штедење го достигнува дното во 1992 г., кога изнесува само 2,4% од бруто домашниот производ. Исклучително ниското ниво на домашни заштеди во транзициониот период се должи на неколку основни причини: долготрајната економска стагнација во 1980-тите, острата рецесија проследена со големо опаѓање на реалниот доход во првата половина на 1990-тите, долготрајното искуство со висока инфлација и одржувањето на реално негативните каматни стапки во 1980-тите и почетокот на 1990тите години итн. Почнувајќи од средината на 1990-тите се забележува одредено опоравување на штедењето, како последица на постепеното заживување на економската активност и воспоставувањето и одржувањето на стабилноста на цените. Сепак, домашното штедење с“ уште се одржува на многу ниско ниво, кое во никој случај не може да биде основа за поинтензивна инвестициона активност. Тоа значи дека на среден рок, нискиот обем на домашни заштеди продолжува да претставува ограничувачки фактор на растежот на македонската економија. штедење на граѓаните во банките Како дополнителен проблем во поглед на штедењето се јавува нискиот обем на делот од заштедите, кој се држи во рамките на официјалниот финансиски систем. Тоа посебно се однесува на 1990-тите години, кога поголемиот дел од заштедите се држат надвор од банкарскиот систем, како последица на неколку основни причини: лошото искуство со судбината на старото девизно штедење од времето на СФРЈ (пробле-мот на „заробените“ заштеди), изгубената доверба во финансиските институции како последица на финансиските скандали поврзани со пропаста на неколку штедилници (посебно, аферата со штедилницата ТАТ), високиот степен на политичка неизвесност итн. Подоцна, напоредно со процесот на воведување на еврото, доаѓа до масовен прилив на девизни заштеди и нивно задржување во банките – процес што го означува постепеното враќање на довербата на населението во банкарскиот систем. Како последица на тоа, во периодот по 2001 г. доаѓа до интензивен пораст на заштедите во банките. Така, на крајот од 2004 г., вкупните депозити на населението и правните лица во банките изнесуваат 25% од бруто домашниот производ, за разлика од 1995 г., кога тој процент изнесува само 5,8%. Во истото време, структурата на заштедите во банкарскиот сектор е исто така неповолна поради доминацијата на краткорочните заштеди. На пример, на крајот на 2006 г. долгорочните депозити (со рок на достасување над една година) учествуваат со 8% во вкупните орочени депозити на банкарскиот систем. Во таа смисла, недостигот на долгорочен финансиски потенцијал се јавува како сериозно ограничување во обезбедувањето извори за финансирање на инвестиционата активност. ИЗВОР: Државен завод за статистика на Македонија. ЛИТ.: Горан Петревски, Монетарна политика – теорија и искуството на Македонија, Здружение за социо-економски развој, Скопје, 2005. Г. П.