ШОРКОВ, Вангел Талев (Битола, 6. Ⅲ 1898 – Скопје, 21. Ⅹ 1961) – спец. хирург. Медицина завршил во Стразбур (Франција) во 1925 г., а хирургија специјализирал во Париз. Од 1930–1939 г. работел во приватна практика, а потоа бил хирург во Бановинската болница во Битола. Во времето на Втората светска војна ги лекувал партизаните. По Ослободувањето бил назначен за хирург и управник на Болницата во Охрид (февруари, 1945), каде што останал до крајот на животот. П. Б. Зоран шоров