ШИЈАКОВИЌ

ШИЈАКОВИЌ (шИЈАК), Томо (Косово Поле, 15. Ⅲ 1930 – Скопје, 29. ⅩⅠⅠ 1998) – сликар, меѓу првите македонски уметници што го проблематизирал сликарството како дисциплина. Извесен период студирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана. Самостојно излагал во Скопје, Белград, Ниш. Учествувал на Биеналето во Сао Паоло (1969) и на Биеналето во Венеција (1978). Се занимавал со карикатура, илустрација, сцеТомо шијаковиќ нографија, плакат, фотографија. Во неговото творештво се разликуваат неколку фази: посткубизам, апстракција, варијанти на поп-артот и концептуални постапки кои кон крајот на шеесеттите години резултирале во првите објекти во македонската современа уметност: мусандри и неомусандри. Во нив ги обединил сликарските, вајарските и дизајнерските аспекти. Овој модел на ликовно обликување просторно го применил во ентериерот на зградата на Градскиот комитет во Скопје (1970) и во хотелот „Дрим“ во Струга (1977). Т. шијаковиќ-шијак: Зошто, затоа (1995) ЛИТ.: Борис Петковски, Томо шијак, Скопје, 1977; истиот, Томо шијак, во: Биеннале ди Венезиа (каталог), Скопје, 1978 . Л. Н.