ШЕКУТКОВСКИ, Никита Трпев

ШЕКУТКОВСКИ, Никита Трпев (Скопје, 19. И 1956) – математичар, ред. проф. (1998) на ПМФ. Дипломирал (1979) и магистрирал (1983) на Математичкиот факултет во Скопје. Докторирал (1986) во Загреб со темата „Кохерентни инверзни системи и теорија на јак облик“. Главен научен интерес му е топологијата. Бил шеф на Институтот за математика (19971999 и 2005-), ментор на магистерски работи и раководител на научни проекти. БИБ.: Математичка анализа, 1, Скопје, 1996; Редови и аналитички функции, Скопје, 2002; Топологија, Скопје, 2002. ЛИТ.: ПМФ 1946-2006, монографија, Скопје, 2006; БУ бр. 706/’98. Н. Ц. Елизабета шелева