ШАТКИ или ПАТКИ

ШАТКИ или ПАТКИ (Анатинае) – бројна потфамилија средно големи, до големи водни птици од ре-дот гусковидни птици (Ансериформес), со должина на Диви шатки телото од 40 до 70 цм. Најчесто се гнездат во северна Европа, а презимуваат во Средна и Јужна Европа, како и во Северна Африка. Кај нас се регистрирани 5 рода со вкупно 17 видови, поделени во 6 групи: морски потопници (Цлангула, Хистроницус, Меланитта, Буцепхала), кај нас претставени со шатката ѕвонарка (Буцепхала цлангула). Назабеноклуни шатки или северни потопници (Мергус), северни видови, кои кај нас се јавуваат по езерата во перидот на миграција и во зима. Од нив се регистрирани: голем северен потопник или краа (Мергус мергансер), црвеногушест северен потопник (Мергус серратор) и мал северен потопник или бел потопник (Мергус албеллус). шатки вистински или пловки, од кои кај нас се регистрирани: дива шатка (Анас платѕрхѕнхес), шатка кркач (Анас црецца), шатка ластовичарка или шилестоопашеста шатка (Анас ацута), шатка лажичарка (Анас цлѕпеатс), шатка свиркач (Анас пенелопе), сива шатка (Анас стрепера) и шатка пупчарка (Анас љуерљуедула). Гусковидни шатки (Тадорна), род најкрупни шатки од кои во Македонија е регистрирана обичната гусковидна шатка (Тадорна тадорна). шатки потопници (Нетта и Аѕтхиа), шатки кои населуваат главно мирни слатки води, од кои во Македонија се регистрирани видовите: црвеноклуна потопница или превез (Нетта руфина), цуцулеста потопница (Аѕтхиа фулигула), северна потопница (Аѕтхиа марила), белоока потопница, њорка или кожуфар (Аѕтхиа нѕроца) и кафеноглава потопница (Аѕтхиа ферина). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атласофтхе Бирдсофтхе Њестерн Палаеарцтиц, Гласгоњ, 1982. Св. П. – В. Сид. Методија шаторовшарло ШАТОРОВ-ШАРЛО, Методија