ШАРПЛАНИНСКИ КУП

ШАРПЛАНИНСКИ КУП (Попова шапка, 21. Ⅲ 1947) – куп во спуст. На првиот натпревар зеле учество репрезентациите на Бугарија, Југославија, Романија и Унгарија. Победил Унгарецот Силко Петер, а најдобро пласираниот скијач од Македонија бил Рамадан Насип, кој го зазел 32. место. Со текот на времето програмата на натпреварите била проширена и со слалом и велеслалом, како и со учество на младинци и жени, а се подобрил и пласманот на скијачите од Македонија. И покрај настојувањето шарпланинскиот куп да се организира секоја г., досега се одржани вкупно 36 натпреварувања (до 2005). Од шарпланинскиот куп ЛИТ.: Мирчо, Савоски, Развојот на скијањето во Вардарска Македонија од 1919– 1957 година, Скопје, 2002. Д. С.