ШАПКАР, Ристо

ШАПКАР, Ристо (с. Велгошти, Охридско, 1931) – политиколог, стопанственик и фотограф. Беше долгогодишен директор на РО „Херој Тоза Драговиќ“ во Охрид (членка на корпорацијата Заводи „Црвена застава“ од Крагуевац). Истовремено извесен период беше и секретар на Општинскиот комитет на СКМ во Охрид. Како страстен љубител на уметничката фотографија, стана еден од водечките македонски фотографи. Приреди повеќе изложби со уметнички фотографии во Македонија, како и во разни југословенски и европски центри (Рим, Париз и др.). ЛИТ.: Д-р Асен Групче, Охрид. Културниот живот и творештво во Охрид и Охридско во 20. век, Скопје, 1998, 254. С. Мл.