ЧУНДЕВА–

ЧУНДЕВА–ГАЛИЌ, Екатерина (Софија, Бугарија, 7. ⅩⅠⅠ 1927 – Скопје, 22. Ⅴ 2009) – редовен професор на Електротехничкиот факултет во Скопје. Дипломирала во 1951 г. на Електротехничкиот факултет во Белград и веднаш се вработила во претпријатието „Хидроелектропроект“. Еден е од главните проектанти на хидроцентралите Вруток, разводната постројка 110 КВ Вруток, Хидроцентралите Равен и шпиље. Во 1959 година се вработува на Електротехничкиот факултет во Скопје, каде во 1976 г. е избрана за редовен професор. Таа е еден од основачите на Електротехничкиот факултет во Скопје. М. Чунд.