ЧИЧОКА

ЧИЧОКА (Хелиантус туберосус) – многугодишно клубесто растение. Потекнува од Северна Америка. Кај нас е пренесено во почетокот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Се одгледува заради клубените, кои имаат висока хранителна вредност: содржат јаглени хидрати (17%), витамини А, Д и С и инсулин, кој е важен за исхраната на дијабетичарите. Се одгледува слично како компирот, се сади на поголеми растојанија (90 х 60 цм). Д. Ј. Чичока