ЧИНГО, Живко

ЧИНГО, Живко (с. Велгошти, Охрид, 13. Ⅷ 1935 – Охрид, 11. Ⅶ 1987) – раскажувач, романсиер, драмски автор, новинар. По дипломирањето на Филозофскиот факултет во Скопје, работи како професор во Гимназијата во Борците на Четиринаесеттата македонска народноослободителна младинска ударна бригада на пат за Сремскиот фронт (1945) Охрид, а потоа како новинар во повеќе редакции во Скопје. Бил Живко Чинго асистент во Институтот за фолклор, директор на МНТ. Член е на ДПМ од 1963 г. Како автор тој дебитира во 1961 г. со збирката раскази „Пасквелија“. Своето високо место во македонската литература го заслужи пред с“ со своите раскази објавени во збирките „Пасквелија“ и „Нова Пасквелија“. Во нив се дефинира како посебен вид реалист со жестока критика упатена кон општествената стварност во повоениот период, време во кое се случуваа крупни промени на штета на поединецот и неговото право на приватност. Но таа страсна критиката колку што е упатена на општествените односи, толку е насочена и кон примитивизмот во самиот човек. Посебниот стил се гради врз една рамнотежа што тој суров критички реализам ја воспостави со неговата склоност кон фантастичното, митот, со-нот, фантазијата, народното творештво. Така неговиот дискурс се движи меѓу т.н. магичен реализам и фолклорната фантастика (која свој, македонски претставник и претходник има во големиот собирач на народни умотворби и творец на македонската народна приказна Марко Цепенков). Филмот „Големата вода“ на Иво Трајков, што се вбројува во едно големо филмско остварување во новата македонска кинематографија, е работен според истоимениот роман. Адаптацијата на сценариото ја направи Владимир Блажевски. ДЕЛ: збирки раскази: Семејството Огулиновци (1965), Нова Пасквелија (1965), Пожар (1970), Вљубениот дух (1976), Накусо (1984), Гроб за душата (посмртно, 1989) и Бунило (посмртно, 1989); романи: Сребрени снегови (роман за деца, 1966), Големата вода (1971), Бабаџан (посмртно, 1989); драми: Образов (1973), Ѕидот, водата (1976), Кенгурски скок (1979), Макавејски празници (1982). ЛИТ.: Миодраг Друговац, Историја на македонската книжевност ⅩⅩ век (1990); Лидија Капушевска-Дракулевска, Во лавиринтите на фантастиката (Фантастичниот расказ во македонската литература) (1998); Јасмина Мојсиева-Гушева, Чинговата апартна поетика (2001); Христо Георгиевски, Македонскиот роман 1952–2000 (2002). В. М.-Ч.