ЧИНГОВСКИ

ЧИНГОВСКИ (ЧИНГО), Пецо Ташков (псевд. Арсо) (Корча, Албанија, 7. Ⅳ 1917 – Скопје, 24. Ⅳ 2000) – шнајдер, комунистички деец и борец. Како печалбар во Белград, зел учество во акциите на Урсовите синдикати, поради што бил уапсен (1939). По Априлската војна (1941) се вратил во Кичево, станал член на КПЈ (од октомври 1941), на МК и на Околискиот комитет на КПМ во Кичево (1943). Бил еден од организаторите на базата на ЦК на КПМ и ГШ на НОВ и ПОМ во Лопушник, Кичевско, и сведок на загинувањето на К. Рацин. По Ослободувањето се наоѓал на одговорни должности во ОЗНА, УДБ и РСВР. Пензиониран е во 1963 г. Носител е на Партизанска споменица. БИБ.: Сеќавања, ракопис во АИНИ, Скопје. ИЗВ.: Кичево и Кичевско во НОВ 1941– 1945. Документи, 1985. ЛИТ.: Хронологија на настани од Народноослободителната војна 1941–1945 година во Кичево и Кичевско, второ дополнето издание, Кичево, 1984. С. Мл. Борис Чипан