ЧЕРНОДРИНСКИ, Војдан

ЧЕРНОДРИНСКИ, Војдан (с. Селци, Дебарско, 2. И 1875 – Софија, 8. И 1951) – основоположник на македонската драмска литература и на македонската театарска дејност, поет, драмски автор, општественик, публицист. Во 1894 г., заедно со неколкумина соученици Македонци во Првата машка гимназија во Софија, ја формира театарската група „Македонски зговор“, за чиј репертоар ги пишува едночинките „Дрварите“ и „Во меаната“ (играни во следната 1895 г.). Инспириран од една дописка во весникот „Реформи“ ја создава најзначајната своја битово-социјална драма во пет чина „Македонска крвава свадба“, како прва драма на македонски народен јазик. Таа е премиерно изведена под специфични околности на 20. Ⅺ 1900 г. во преполниот салон на „Славјанска беседа“ во Софија. Во периодот 1900–1928 г. оваа пиеса има доживеано над 1000 театарски изведби во Македонија, Србија и Бугарија. Постигнатите успеси го мотивираат нејзиниот автор да пристапи кон В. Чернодрински: „Македонска крвава свадба“, првото издние организација (1900) на ансамблот што ја изведува. Така создава нова театарска трупа „Скрб и утеха“ (13. Ⅴ 1901) што набргу прераснува во „Столичен македонски театар“ и со тоа се удираат темелите на македонскиот модерен театар. Тој е автор и на првата македонска оперетка „Срешта“, посветена на Гоце Делчев по повод неговото загинување (1903). Во постилинденскиот период формира уште два театарски ансамбла: „Македонско-одрински театар“ (1907) и „Илинден“ (1923), а во 1936 г., во рамките на новооснованиот Македонски литературен кружок околу Редакцијата на в. „Македонски вести“ во Софија, прави интервенции во својата „Македонска крвава свадба“ и таа се изведува во новооснованиот Македонски народен теа-тар. Оваа драма е преобјавувана и изведувана од македонското иселеништво во САД, а живее и денес во МНТ во Скопје. Создава и други драмски текстови (на македонски и на бугарски јазик), објавени во пет тома во „Собрани дела“, подготвени од А. Алексиев (Скопје, 1976). ЛИТ.: Александар Алексиев, Основоположници на македонската драмска литература (1976); Миодраг Друговац, Историја на македонската книжевност ⅩⅩ век (1990); Јелена Лужина, Историја на македонската драма (македонска битова драма) (1995). В. М.-Ч. Владо Черноземски