ЧЕРЕПНАЛКОВСКИ, Илија Софрев

ЧЕРЕПНАЛКОВСКИ, Илија Софрев (Галичник, 2. Ⅷ 1932) – машински инженер. Дипломирал на Машинскиот факултет во Бел-град (1959). Работел во Свиларниот комбинат во Велес (1959 –1961), во Ремонтниот завод за локомотиви – Скопје (1961–1964), во Енергетика на Рудници и железарница – Скопје (1964–1970) и на Машинскиот факултет во Скопје (1970–1997). Во 1962 г. е избран за хонорарен асистент. Докторирал во 1979 г. Истовремено бил избран за редовен професор. Во 1975 г. осум месеци престојувал во ПЕНСТАТЕ Пенсилванија, САД, како визитинг-професор на Фулбрајт. Во 1977–1980 г. бил декан на Машинскиот факултет во Скопје. Автор е на повеќе учебници и монографии. Учествувал на конференции во Париз, Виена, Стокхолм, Токио, Хаг, Перди, Тронтхајм, Прага, Анталија, Грац, Пловдив, и др. Меѓународна соработка имал со Франција, Англија, САД, Чешка, Германија и Јапонија. Раководел со изработка на: стручни, апликативни и научноистражувачки проекти (151) од кои значаен број се релизирани. Сл. А. Војдан Чернодрински