ЧЕПРЕГАНОВ, Тодор

ЧЕПРЕГАНОВ, Тодор (Штип, 20. Ⅸ 1955) – историчар, научен советник и директор на Институтот за национална историја во Скопје. Основно училиште завршил во Штип, гимназија во Скопје, а дипломирал на Филозофскиот факултет (Група историја, 1979). Откако се вработил како асистент во ИНИ (1979), магистрирал на тема „Одгласот на Ослободителната војна и револуција во Ју-Тодор Чепреганов гославија во печатот на САД (1941 – мај 1945) (1989) и докторирал на тема „Велика Британија и македонското прашање во светлината на меѓународните односи (2 август 1944 – 1949)“ (1993). Бил претседател на Сојузот на друштвата на историчарите на РМ и член на редакцијата на сп. „Историја“. Престојувал на студиски истражувања во САД, Велика Британија, Србија и Бугарија. Коавтор е на повеќе учебници. БИБ.: Куманово и Кумановско во НОВ (1941–1945). Документи, Куманово, 1988 (со коавтори); Американскиот печат за НОВ во Југославија (1941–1945) – со осврт на Македонија, Скопје, 1992: Велика Британија и Македонија. Документи, т. И–Ⅲ, 1944–1948, Скопје, 1995, 1996 и 1998; Велика Британија и македонското национално прашање (1944–1948), Скопје, 1997; Историски атлас, Скопје, 1998 (со коавтори); Британските воени мисии во Македонија 1942–1945, Скопје, 2000; Судирот на британските и германските интереси на Балканот во текот на Втората светска војна, Скопје, 2000; Британската управа за специјални операции (СОЕ) во Македонија, Скопје, 2001; Воените мисии на Соединетите Американски Држави во Македонија 1944–1945, Документи, т. И, Скопје, 2008. ЛИТ.: 50 години Институт за национална историја 1948–1998, Скопје, 1998, 149–150. С. Мл.