ЧЕПРЕГАНОВ, Михаил

ЧЕПРЕГАНОВ, Михаил (Штип, 8. Ⅲ 1929) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1984 до пензионирањето во 1989 г.) по групата предмети Организација, технологија и економика на градбата. Специјализирал монтажна станбена изградба во СССР (1966). Пред изборот за доцент (1974) работел во Заводот за станбено-комунално стопанисување. Магистрирал во ИЗИИС (1972), докторирал во 1979. Љ. Т.