ЧЕПРЕГАНОВ, Методие Василев (Штип, 28. Ⅵ 1936) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Скопје (1964) и се вработил на Нервната клиника (1964–2001), каде што бил и директор (1988– 1995). Специјализирал (1968) и докторирал (1984) од областа на неврофизиологијата. Еден од најеминентните претставници на неврофизиологијата кај нас, епилептолог и дијагностичар во имиџинг технологијата во неврологијата. Автор е на бројни монографии од епилептологијата и неврофизиологијата. БИБ.: Епилептологија и мозочни тумори, Скопје, 1986; Клиничка електроенцефалографија, Скопје, 2003; коавтор: Магнетната нуклеарна резонанција во патологија на мозокот, Скопје, 1996; Базични принципи на магнетната нуклеарна резонанца, Скопје, 1998; Имагерие дес Епилепсиес, 1996; Епилептологија, Скопје, 2005. Ил. Џ.