ЧЕЛИЧНИ МОСТОВИ И КОНСТРУКЦИИ

ЧЕЛИЧНИ МОСТОВИ И КОНСТРУКЦИИ. Кај нас датираат од крајот на ⅩⅠⅩ в., кога се во изградба двете железнички линии: СкопјеСолун и СолунБитола. Позначајни мостови се: на р. Вардар во Скопје, Градец и Удово, на р. Црна во Стоби и на р. Бошава во Д. Капија (најдолг мост, 171 м). На р. Србиновачка (1970) е изграден железнички мост со најголеми распони (52,64 + 65,8 + 52,64 м). Челични мостови на патишта изградени меѓу двете светски војни се: на р. Вардар во Скопје и кај Криволак (најдолгиот мост). Најголемиот мост во РМ, со спрегната конструкција од 368,8 м, е изграден на акумулацијата шпилје во близина на Дебар (1970–1972). Мостови со коси затеги се изградени на р. Вардар во Скопје и во Велес, а се наменети за пешаци (1994–2000). По 1960 г. речиси сите поголеми индустриски капацитети и спортски сали се изградени како челични (Рудници и Железарница „Скопје“, „Фени“ – Кавадарци, „Југохром“ – Тетово, РЕК „Битола“, спортските сали во Битола, Прилеп, Охрид, Скопје, Велес и др.). Р. Д. и С. Т.