ЧАПОВСКИ, Иван

ЧАПОВСКИ, Иван (с. Пожарско, Воденско, 12. Ⅹ 1936) – поет, романсиер, публицист. Завршил Орото „Чифте чамче“ во сценска изведба на Ансамблот „Танец“ Филозофски факултет во Скопје. Како новинар работел во редакциите на весниците „Вечер“ и „Нова Македонија“, а како режисер во РТВ Скопје. Бил главен уредник и директор на книгоиздателството „Македонска книга“ во Скопје. Член е на ДПМ (1963) и на Македонскиот ПЕН-центар. БИБ.: „Пепел под маслините“ (поезија, 1963), „Дожд, по дождот Вера“ (поезија, 1965), „Евангелисти“ (поезија, 1969), „Убавата Разделина“ (поезија, 1973), „Лага“ (поезија, 1980), „Граница“ (роман, 1982), „Затвори“ (поезија, 1983), „Магла“ (роман, 1985), „Змија“ (роман, 1989), „Дрвените мостови на Вардар“ (роман, 1990), „Жените на летото“ (поезија, 1992), „Крстан и Сирак“ (роман, 1991), „Македонската православна црква Св. Ѓорѓи – културна и национална дејност“ (хроника на македонски и на англиски јазик, Мелбурн, Австралија, 1992), „Крвта на еукалиптусот“ (роман, 1996), „Сага за писателот“ (роман, 1999), „Отровот на тамарискот“ (роман, 2002). Р.