ЧАЛНИК

ЧАЛНИК – бела правоаголна невестинска крпа, со димензии 100 х 35 или 150 х 20 цм. Го носеле невестите на денот на свадбата и краток период по свадбата. Бил исткаен од бел тенок памук, нашарен со хоризонтални прачки. На краиштата бил орнаментиран со шарки од бојадисан памук (во сино, зелено или црвено), но можел да биде и везен. На главата се врзувал со надиплување по должината во неколку дипли и се врзувал над темето во вид на чалма. Краевите на врзаниот чалник се спуштале надолу преку грбот за да висат слободно одзади. Во составот на невестинската носија се задржал с“ до крајот на ⅩⅠⅩ в. Ј. Р.-П. Лилјана Чаловска ЧАЛОВСКА, Лилјана Ахилова