ЧАДИКОВСКА-АНАСТАСОВА, Снежана

ЧАДИКОВСКА-АНАСТАСОВА, Снежана (Скопје, 20. Ⅺ 1950) – пијанистка. Својот прв настап на концертниот подиум го бележи на 12. ⅩⅠⅠ 1972 г. и оттогаш е постојано присутна на македонската музичка сцена. До 1984 г. е претежно солист, а потоа и пијано-придружник на голем број македонски и странски музички уметници. И како солист и како придружник настапува во многу музички центри во Македонија и во светот, а има реализирано повеќе снимки за продукцијата на МРТВ. Работи како професор во МБУЦ „Илија Ч Снежана Чадиковска-Анастасова Николовски-Луј“ во Скопје. Неколкупати била селектор на музичкиот дел на програмата на фестивалот Охридско лето. Б. Орт. Ѓорѓи Чадловски ЧАДЛОВСКИ, Ѓорѓи Глигоров