ЦРКВУЛЧЕ, С

ЦРКВУЛЧЕ, С. ТРПЕЈЦА – пештерна црква во близина на „Св. Богородица Заумска“ во правецот кон манастирот „Св. Наум“. хитектурата, посредно дефинирајќи и постулати од националниот стил во македонската архитектура на ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ в. Континуирано се развива и во периодот меѓу двете светски војни, со изградба на разни спомен-цркви, споменкапели и костурници. К. Гр. Учесниците на Вториот црковно-народен собор (Охрид, 1958) Во карпата над самото езеро видливи се остатоци од неколку зони на фрескоживопис. Во пониската зона Деизисот и странично од него св. Никола, св. Стефан, св. Василиј Ⅰ св. Петка од едната, а архангелот и св. Марена на спротивната страна. Во погорната зона се видливи композициите на Слегување во Пеколот, Мироносците на Христовиот гроб и Успението на Богородица. Живописот е со висок квалитет и датира од втората половина на ⅩⅣ в. ЛИТ.: Гоце Ангеличин-Жура, Страниците од историјата на уметноста на Охрид и Охридско (ⅩⅤ–ⅩⅠⅩ век), Охрид, 1997, 11–13. С. Ц.