ЦРЕША

ЦРЕША (ЦРЕШНА) . (Прунус авиум Л.) – плод и родно стебло. Во РМ е застапена со 140.000–150.000 родни стебла и со принос од 3.000–4.000 т. Последниве три години (2004– 2006) се забележува зголемување на бројот на родните Цреши стебла (150.000– 160.000), како и на приносот (4.000–5.000 т). Се појави интерес за подигање производни насади со висококвалитетни, крупноплодни сорти, калемени на слабобујни подлоги, формирани ниско за берба од земја. Б. Р.