ЦРВИ, ПРСТЕНЕСТИ

ЦРВИ, ПРСТЕНЕСТИ (Аннелида) – мекотели со прстенеста градба на телото. Постигнале висок степен на развиток и големо совршенство во телесната организација. Најчесто имаат издолжен црвовиден облик на телото, снабдено со различни израстоци што служат делумно за движење, а де-Прстенест црв лумно како сетилни органи. Некои се хранат со ситни животинки, а некои со органски материи во распаѓање. Претставниците од овој тип организми живеат во мориња, во копнени води и во влажни почви. Познати се околу 9.000 видови, најголем број се акватични, а помал број се терестрични. Во Македонија се добро проучени прстенестите црви од две класи: ма-лучетинести црви (Олигоцхаета) и пијавици (Хирудинеа). Регистрирани се 182 таксона (160 вида и 22 подвида). ЛИТ.: Јонче шапкарев, Фауна на Македонија. Дождовни глисти Лумбрицидае (Олигоцхаета, Аннелида), Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1978; Владимир Крпац, Бранислава Михајлова, Биодиверситѕ оф Мацедониа фром а виењ поинт оф хитхерто фаунистиц инвестигатионс. Партиципатион њитх Ундерпројецт: Класс Инсецта, Мацедониан Мусеум оф Натурал Хисторѕ – Министрѕ оф Сциенце, Финал Репорт, Скопје, 1999, 23-30; група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К. – М. Кр.