ЦРВИ, МАЛУЧЕТИНЕСТИ

ЦРВИ, МАЛУЧЕТИНЕСТИ (Олигоцхаета) – црви што на телото имат мал број четинки, според кои го добиле името (олигос гр. = малку; хети = четинки). Живеат во копнени води и во влажни почви. Имаат силно издолжено цилиндрично тело со различни димензии. Во Македонија се познати 139 таксони малучетинести црви, од кои 39 се ендемични. Во Охридско Езеро се среќаваат 17 ендемични таксо-Малучетинест црв ни, а меѓу нив почести се: Псамморѕцтес оцхриданус Храбе. и Пелосцолеџ станковици Храбе. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Придонес за познавањето на фауната на олигохетите од трите поголеми езера во Југославија, Архив Биол. Наука, Београд, 1956, 8: 135–144; истиот, Фауната на олигохетите од прибрежните води на Преспанската Котлина, Фрагм. Балцан. Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1962, 16: 123–128; истиот, Фауна на Македонија. Дождовни глисти Лумбрицидае (Олигоцхаета, Аннелида), Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1978; Јонче шапкарев, Ендемична фауна Олигоцхета Југославије, Акад. Наук. уметн. БиХ, Сарајево, 1987. В. Т. К. – М. Кр.