ЦИХУН, Генадиј Апанасавич (ГенадзÏ Апанасавич ЦÎхун) (Кунцовчина, Гродненско, Белорусија, 30. Х 1936) – белоруски славист-лингвист и македонист, унив. професор, академик, член на МАНУ надвор од работниот состав (од 2009). По завршувањето на средното училиште во Гродно, дипломирал на Катедрата за словенска филологија на Ленинградскиот државен универзитет (1953– 1958), каде што станал аспирант (1959–1960) и стажант на Софискиот државен универзитет (1961-1963). Од 1963 г. е избран за научен соработник во Институтот за лингвистика „Јакуб Колас“ на АН на БССР. На Ленинградскиот државен универзитет ја одбранил кандидатската дисертација „Синтаксис местоименнÎх клитик в болгарском и македонском литературнÎх язÎках“ (1966). Од 1966 г.работи паралелно како лектор и професор на Белорускиот државен универзитет во Минск, а од 1991 г. го води Лекторатот по македонски јазик за студентите-белорусисти и предава ареална лингвистика и балканистика. Во Минск ја одбранува докторската дисертација „Типологические проблемÎ балканославянского язÎкового ареала“ (1982) и е избран за редовен професор (од 1996) и раководител на Одделот за словенска и теоретска лингвистика (1990-2005) на Инстира „Јакуб Колас и Јанка Купала“ на Националната академија на науките на Белорусија, а потоа е главен научен соработник на Одделот. Како гостин-професор предава белорусистика и славистика на Филијалата на Варшавскиот универзитет во Бјалисток (Полска, 1994–2005). Почесен доктор е на Софискиот универзитет (2003) и академик и вице-президент на Меѓународната академија на науките на Евразија во Москва (од 1994). Тој е потпретседател на Белорускиот славистички комитет (1994– 2000) и член на Президиумот на Меѓународниот славистички комитет (од 2004). Основни насоки во научната дејност му се: балканистиката со специјална ориентација кон балканославистиката (од 1962 год.); ареалната лингвистика (од 1963 год.); Полесјето како етнолингвистички регион (од 1963); белоруско-инословенските јазични врски (1968– 1975); белоруско-јужнословенските јазични врски (од 1974); етимологијата (од 1983 год. е еден од авторите, а од 2004 год. и редактор и главен редактор на „Етимолошкиот речник на белорускиот јазик“, т. 1-12: А-С); словенската лингвистичка библиграфија (од 1974); историјата на белоруската славистика (од 1990) и еколингвистиката (од 1983). Учествувал на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид (1983, 1984), како и на други научни собири во Македонија. Објавил повеќе од 300 научни трудови од областа на балканистиката и историјата на славистиката и посебно од македонистиката (од 1957). Позначајни монографски трудови: Синтаксис местоименнÎх клитик в болгарском и македонском литературнÎх язÎках, Ленинград, 1966; Синтаксис местоименнÎх клитик в Óжнославянских язÎках (Балканославянская моделÏ), Минск, 1968; ТÎпалогия синтаксичнÎх адрозненняуí у балканаславянским аржале ШВИИИ МижнароднÎ з’езд славистауí : ДакладÎќ, Минск, 1978; Типологические проблемÎ балканославянского язÎкового ареала, Минск, 1981; Типологические проблемÎ балканославянского язÎкового ареала (Минск, 1981), АржалÏная тÎпология славянских моуí: ПрÎнцÎпÎ и напранки даследовання (Минск, 1988) и АржалÏнаÎя аспектÎ фармировання славянских литературнÎх моуí (Минск, 1993). БИБ.: Македонистички статии во списанија и зборници: Насоки на проширување на балканските иновации во македонските дијалекти, зб.: Научна дискусија на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, 10, Скопје, 1983; Проклиза во макена Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид, 11, Скопје, 1984; О ,силÏнÎх’ формах в системе местоимениŸ Óжнославянских язÎков и их ,слабÎх’ соответствиях, „Вестник Ленинградского университета“, Ленинград, 1962, 119-130; К вопросу о постпозитивном члене (артикле) в болгарском и македонском язÎках, зб.: ТÎпалогия и гистория славянских моуí и уíзаемасвязи славянских литератур, Минск, 1967, 146-148; О системном статусе некоторÎх балканских язÎковÎх черт, „Македонски јазик“, 25, Скопје, 1974, 171-180; Тупологиа баљканизмóњ њ ј&зѕкацх пољудниоњосљоњиавскицх, Спрањозданиа з посиедзев комисји наукоњѕх ПАН, 20/1, 92-94; Кирилло-мефодиевская лексика одного полесского говора, „Пхилологиа славица“, Москва, 1993, 416-424; Проклиза во македонската реченица, „Македонски јазик“, 40-41, 717-723; БалканскиŸ лингвистическиŸ атлас (БЛА): цели и задачи, зб.: АктуалÏнÎе вопросÎ балканского язÎкознания, С.-Петербург, 2003, 44-49; Родная говорка Мисиркова и яго литературнÎ стандарт, зб.: Делото на Крсте Мисирков, 2, Скопје, 2005, 33-40; Славянские литературнÎе микроязÎковÎе проектÎ в жтнолингвистическоŸ перспективе, зб.: Слав-янские литературнÎе микроязÎки и язÎковÎе контактÎ, Тарту, 2006, 47-54. ЛИТ.: М.Н. КрÎуíко, ЦÎхун ГенадзÏ Апанасавич, Беларуская жнцÎклапедÎя, Минск, 1994, 604-605; ЦÎхун ГенадзÏ Апанасавич, Хто ÒсцÏ хто уí сучаснаŸ беларускаŸ лингвистÎцÎ, Минск, 1997, 111; И. И. ЛучÎц-Федаржц, Р. М. МалÏко, ГенадзÏ Апанасович ЦÎхун, „Беларуская лингвистÎка“, 58, Минск, 2006, 135-137; Б. Œ. Норман, Н. В. Супрунчук, К ÓбилеÓ Геннадия АфанасÏевича ЦÎхуна, „Славяноведение“, 1, Москва, 2007, 123-124; Иван Доровски, Емилија Црвенковска, Лексикон на странски македонисти ⅩⅩ и ⅩⅩⅠ век, Скопје, 2008, 125-126. Бл. Р.