ЦИГАНСКИ РИД

ЦИГАНСКИ РИД (Кочани) – средновековна некропола сместена на возвишение над Кочанска Река, североисточно од центарот на градот. Ископувањата се изведени во 1971 и 1974 г. Зачуваните гробови се камени цисти конструирани од делкани плочи. Откриениот накит – единствениот гробен инвентар – припаѓа на вообичаената продукција за широка употреба од Ⅺ–ⅩⅤⅠⅠⅠ в. ЛИТ.: Е. Манева, Средновековен накит од Македонија, Скопје, 1992, 128. Ел. М.