ЦЕРМАНОВИЌ-КУЗМАНОВИЌ, Александрина

ЦЕРМАНОВИЌ-КУЗМАНОВИЌ, Александрина (1928 – 2001) – професорка по класична археологија на Филоз. фак. во Белград. Многу нејзини студии од античкиот период на Балканот, почнувајќи од оние за проблемите на Требенишката култура, како и за многуте некрополи, градови и натписи, за стаклото, керамиката и накитот, а особено за култовите од римско време се актуелни и за подрачјето на Македонија. Особено е значајно нејзиното капитално дело за Тракискиот коњаник во културата на балканските народи. Енциклопедиските едиции за грчката и римската митологија, за религиите на древна Европа, бројните одредници во Археолошкиот лексикон се драгоцена литература за балканската и европската археологија. БИБ.: Грчке сликане вазе, Београд, 1977; Римско стакло, Београд, 1987; коавтор: Речник грчке и римске митологије, Београд, 1979. Ел. М. Локалитетот Цигански Гробишта, Радолишта, Струшко