ХРИСТОВ, Павел

ХРИСТОВ, Павел (с. Цапари, Битолско, 1874 – Софија, 6. Ⅵ 1922) – учител, деец на МРО. Завршил гимназија во Лом, Бугарија (1894). Бил учител во Прилеп, Костур, Битола, член на МРО (1895), раководител на Костурскиот револуционерен реон (1898–1901), потоа на Битолскиот РОК на ТМОРО. Учествувал на Рилскиот конгрес и во Балканските војни. ИЗВ. и ЛИТ.: Борбите в Македони® и Одринско 1878–1912 – Спомени, Софи®, 1981; Х. Сил®нов, Освободителните борби на Македония, Ⅱ, София, 1982. Ал. Тр.