ХЛУДОВ

ХЛУДОВ ТРИОД – пергаментен ракопис од ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Има 188 листови и ги опфаќа и двата дела од Триодот – посниот и цветниот. Во минатото ракописот се наоѓал во Марковиот манастир крај Скопје. Оттука, во ⅩⅠⅩ в. го зел А. Гиљфердинг и го однел во Русија. Сега се чува во Хлудовата збирка при Државниот историски музеј во Москва под бр. 133. Овој стар триод е еден од најинтересните триодни текстови од македонска редакција. Во него се среќаваат: вокализацијата на еровите, деназализацијата на големата носовка, замената на јат со а по ц, ѕ, с и др. Мошне интересен е и од литературна гледна точка, поради што рускиот научник Н. Туницки го проучува за да ја установи првобитната редакција на Цветниот триод. ЛИТ.: Л. Милетич, Интересен среднобÍлгарски паметник от ⅩⅤⅠⅠⅠ в., „Периоди=еско списание“ ЛЏВИ, 1905, 95–112; П. А. Лавров, Палеографи=еское обозрение кирилловского писњма, Петроград, 1914, 120-121; Н. Туницкиј, О тексте болгарској рукописи Публи=ној библиотеки Ф.н. И, Но 74, „Сборник Отделениџ русского џзѕка и словесности“, т. 101, 1928, 394–397. Ѓ. П. Ат.