ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА НА ПОЛИМЕРИ

ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА НА ПОЛИМЕРИ. Производството на полимери во Република Македонијае најмасовно од 1960-тите до 1990-тите, а потоа замира и практично не постои, освен некои смоли наменети за лакови и премази. Најголеми производители на синтетички полимери биле „Охис“ – Скопје (основан е 1956 г., произведувал полиакрилонитрилно влакно, 37.000 тони годишно, поливинилхлорид, од 20 до 55.000 т годишно и поливинилацетатни дисперзии, од 10 до 12.000 т годишно, в. „Охис“ – Скопје); „Хемтекс“ (основан е 1977 г., произведувал 33.000 т годишно полиетиленгликолтерефталатно влакно) и „Силекс“ (произведува меки и цврсти полиуретански пени со капацитет околу 2.500 т годишно). Св. Х. Ј. – М. Ц.