ХАЏОВ, Иван

ХАЏОВ, Иван (Струга, 1885 – Софија, 1956) – литературен историчар, филолог, просветен деец. Се школувал во Софија, каде што завршил гимназија и словен-ска филологија на Универзитетот „Климент Охридски“. Престојувал во Австрија, Германија и Хрватска. Учествувал во работата на Македонскиот научен институт во Софија. Објавил бројни написи од областа на литературната историја, лингвистиката и методиката. Автор е на монографија за Браќата Миладиновци. Обработувал теми од фолклористиката („Мотиви за клетва во народните песни“). Ги прифатил теоретските принципи на рускиот научник од Украина (Харков) А. Потебња, применувајќи ги во своите елаборации на поезијата на Христо Ботев. Студијата за своите сограѓани Браќата Миладиновци (1944) му се одликува со богата и изворна фактографија. Забележана му е статијата „Творечкото учество на зборот во човековото мислење“ (1939). Се потпишувал и со псевдонимот „Веритас“. Г. Т.