ХАСА, Џемо (с. Симница, Гостиварско, 1908 – шар Планина, 2. Ⅳ 1945) – озлогласен балистички водач што дејствувал во западниот дел на Македонија во Втората светска војна. Во 1942 г. со околу 40 души се одметнал в шума за да се бори против Италијанците. Подоцна, за голема сума пари бил купен од Италијанците за да се бори против македонските партизани. Од 1943 г. е на чело на балистите и најверен соработник на Германците. Учествувал во сите борбени судири со македонската војска. Вршел масовни пљачкосувања, палежи и терор во Западна Македонија, што предизвикало страв и иселување на голем број Македонци. Ликвидиран е по Војната. ЛИТ.: Бегзат Бегзати, Џемо Хаса, Бостон, 1977; Ѓорѓи Малковски, Балисти, Скопје, 2002; Катерина Гогова, Крвава пруга, Скопје, 1965. Ѓ. Малк.