ФРИДМАН, Виктор А

ФРИДМАН, Виктор А. (Вицтор А. Фриедман) (Чикаго, САД, 18. Ⅹ 1949) – американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар, социолингвист, член на МАНУ надвор од работниот состав (1994). Ученик на Голомб, Виктор Фридман еден од основачите на американската македонистика, работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Голем дел од неговата богата библиографија претставуваат позиции посветени на македонскиот стандарден јазик, неговата историја, неговите дијалекти, неговото место во словенскиот и балканскиот јазичен свет, а речиси нема позиции во кои не би се приведувал и анализирал македонскиот јазичен материјал. Во центарот на вниманието на Ф. е македонскиот и балканскиот вербален систем, пред с“ специфично балканските категории, како адмиративот или, пошироко, нон-конфирмативот („прекажаноста“), субјунктивот и др. Таа проблематика се појавува веќе во неговата докторска монографија Тхе грамматицал цатегориес оф тхе Мацедониан индицативе (Цолумбус, 1977). Во последно време се множат и трудови посветени на номиналниот систем: неопределениот член, удвојувањето на објектот, и др. Активното учество на Ф. во бројни научни славистички и балканистички тела (комисии, асоцијации, и сл.) придонесува кон афирмацијата и с“ поширокото познавање на македонскиот јазик во западниот свет. БИБ.: Мацедониан (Лангуагес оф тхе Њорлд/Материалс 117). Муницх: ЛинЦом Еуропа, 2002; Туркисх ин Мацедониа анд Беѕонд: Студиес ин Цонтацт, Тѕпологѕ, анд Отхер Пхеномена ин тхе Балканс анд тхе Цауцасус. Њиесбаден: Харрассоњитз, 2003; Балканизинг тхе Балкан спрацхбунд: А цлосер лоок ат грамматицал пермеабилитѕ анд феатуре дистрибутион. Граммарс ин Цонтацт: А Цросс Иингуистиц Тѕпологѕ, ед. бѕ А. Аикхенвалд анд Р. Ф. Њ. Диџон. Оџфорд: Оџфорд Университѕ Пресс, 2007, 201–219; Лангуаге ин Мацедониа ас ан Идентитѕ Цонструцтион Сите. Њхен Лангуагес Цоллиде: Социоцултурал анд Геополитицал Имплицатионс Оф Лангуаге Цонфлицт анд Лангуаге Цоеџистенце, ед. бѕ Бриан Јосепх, Јоханна Де Стефано, Неил Јацобс анд Илсе Лехисте. Цолумбус: Охио Стате Университѕ, 2003, 257– 295; Тхе Балканс ас а Лингуистиц Ареа. Елсевиер Енцѕцлопедиа оф Лангуаге анд Лингуистиц, Вол. И, ед.-ин-Цхиеф Кеитх Беоњн, Оџфорд: Елсевиер, 2006, 657–672; Студиес он Албаниан анд отхер Балкан лангуагес, Пеја: Дукјагини, 2004. Тхе Грамматицал Цстегориес оф тхе Мацедониан Индицативе. Цолумбус, Славица, 1977. З. Т.