ФИТИ, Таки (Крушево, 7. Ⅺ 1950) – економист, унив. професор, општественик, државник, академик. Основно и средно образование завршил во Крушево. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје (1973), каде што магистрирал (1980) и докторирал (1983) на теми од областа на економскиот развој на земјите во развој. Избран е за асистент на Економскиот факултет во Скопје по предметот Политичка економија на капитализмот (1974), за доцент (1983), за вонреден (1988) и за редовен професор (1993). На редовните студии ги предава предметите Основи на економијата и Претприемништво. На постдипломските студии предава: Меѓународна економија, Менаџмент на мал бизнис, Економија на јавниот сектор, Социјалната политика и пазарот на трудот во ЕУ, Современи макроекономски концепции и политики, и др. Раководител на постдипломскиот студиум „Економски развој и меѓународни финансии“. Бил претседател на Советот на ЕФ, шеф на Катедрата по економија, претседател на Комисијата за самоевалуација на ЕФ во Скопје. Избран е за редовен член на МАНУ (2003) и секретар на Одделението за општествени науки на МАНУ. Извршувал одговорни стручни, општествени и државни функции: член на Работната група за подготовка на економскиот дел на новиот Устав на РМ; претседател на Управниот одбор на Агенцијата на Република Македонијаза трансформација на претпријатијата со општествен капитал (1994–1996); претседател на Сојузот на економистите на Македонија (1992–1999); координатор на Работната група на Република Македонијаза сукцесија на имотот на поранешната федерација, секретаријатите и агенциите и нејзин претставник во работата на Комисијата на ЕУ во Брисел; министер за финансии во Владата на Република Македонија(1996–1998) и гувернер во Светската и во Европската банка за обнова и развој во истиот период; пратеник во Собранието на Република Македонија(2001–2002); член на советничкиот тим на претседателот на Владата на Република Македонија(2005–2006), а од 2005 г. и на советничкиот тим на гувернерот на НБМ. Автор е на повеќе од 200 научни и стручни трудови објавени во земјата и во странство, од кои 20 се книги и учебници, 25 проекти (национални и меѓународни) и 75 статии. Во современата микроекономија, неговиот научен придонес посебно е лоциран во истражувањето на новите теоретски пробиви во т.н. домени на пазарен неуспех и во тој контекст во новото обмислување на економските функции на државата – регулацијата, дерегулацијата и претприемничкото реструктурирање на современите економии. Во доменот на современата макроекономија е Таки Фити: „Економија“ фокусиран главно во истражувањето на новите макроекономски концепции што се однесуваат на преовладувачките макроекономски парадигми (новите класичари и новите кејнзијанци) и нивните импликации врз природата и карактерот на стабилизациските макроекономски политики. Со својата ангажираност и остварените резултати, дал драгоцен придонес за трансферот на најновите сознанија од стандардната економска наука и за развојот на македонската економска мисла; придонел за градењето на новиот економски систем, макроекономската политика и функционалната пазарна економија во нашата земја; ја динамизирал активноста на МАНУ во доменот на економските истражувања; се афирмирал како еден од успешните и водечки македонски економисти од средната генерација. БИБ.: позначајни книги и учебници: Транснационалните компании и извозот на капитал, Скопје 1989; Современите пазарни стопанства, Скопје, 1991; Претприемништвото и претприемничкиот менаџмент (коавтор), Скопје 1994; Економија – микроекономски пристап (редактор и автор), Скопје, 1997; Економија – макроекономски пристап (редактор и автор), Скопје, 1998; Нобеловци по економија (редактор и автор), Скопје, 2000; Современите макроекономски концепции и економските политики, Скопје, 2001; Претприемништво (коавтор), Скопје, (И изд. 1999, Ⅱ изд. 2007); Смалл Ентерприсе Девелопмент ин Соутх-Еаст Еуропе, Полициес фор Сустаинабле Гроњтх (Едитед бѕ: Њ. Бартлетт, М. Батеман анд М. Вехивец) цо-аутхор, Клуњер Ацадемиц Публисхерс, Бостон (Дордрецхт) Лондон, 2002; Макроекономија, Скопје, 2003; Основи на микроекономијата, Скопје, 2004; Економија – основи на економијата, Скопје, 2006; позначајни проекти: Преструктуирање југословенске привреде путем уласка нових малих и средњих предузеќа, координатор за Македонија, Београд, 1987; Проспецтс фор Смалл Бусинесс Девелопмент ин тхе Републиц оф Мацедониа, консултант, Тхе Бритисх Цоунцил, 1992; Национална стратегија за економскиот развој на Република Македонија (раководител и коавтор на делот: „Глобални насоки за економскиот развој“), МАНУ, Скопје, 1997; Бллуе Риббон Цоммиссион Репорт (Мацедониа), Тоњардс Дѕнамиц анд Сустаинабле Ецономиц Гроњтх – гроњтх суппортиве полициес, Унитед Натионс Девелопмент Программе (УНДП), ав-тор и копретседател на Комисијата, Скопје, 2006; Тхе Патх оф Интерналитионализатион анд Интегратион ин тхе Еуропе оф Регионс, Нитра–Буцхарест (2006–2007). ИЗВ.: Билтени на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје; Билтен на 14-тото изборно собрание на МАНУ, Скопје, 2003. М. С.