ФИЛМСКИ АМАТЕРИЗАМ ВО МАКЕДОНИЈА

ФИЛМСКИ АМАТЕРИЗАМ ВО МАКЕДОНИЈА. Со аматерските филмови на Кирил Миноски, Благоја Дрнков, Благоја Попстефанија и други (во втората половина на триесеттите години од ⅩⅩ в.) започнува развојот на филмскиот аматеризам кај нас. Веќе во 1950 г. е формиран Киносојузот на Македонија, како асоцијација на филмските аматери, а од 1996 г. тој е полноправен член на Меѓународната унија на непрофесионалниот филм (УНИЦА). Во периодот 1935–2006 г. се реализирани повеќе од 1.500 аматерски филмови од сите филмски родови (добитници на бројни награди на домашни и на странски фестивали). Филмските аматери работат во киноклубови или како самостојни автори. Најзначајни фестивали кај нас се: Државниот фестивал (од 1964), каде што се избира домашната селекција за Светскиот фестивал на УНИКА, Фестивалот на аматерскиот документарен филм во Битола и Меѓународниот студентски фестивал (ОСФАФ). Ил. П. Кадар од филмот „Ликвидатор“