ФИДАНОСКИ, Никола

ФИДАНОСКИ, Никола (Кочо) (с. Битуше, Кичевско, 19. Ⅹ 1946) – сликар и графички дизајнер. Завршил училиште за применета уметност во Скопје (1961&1966), а потоа дипломирал (1971) и магистрирал на Академијата за ликовна уметност во Белград (1971&1973). Се посветил на графичкиот дизајн како ликовен уредник на ревијата „Просветена жена“ (1974&1980), на издавачките куќи „Мисла“ (1980& 1990) и „Култура“ (1990&2000), а последната деценија и на изданијата на Графичкиот центар „Југореклам“, МАНУ и на други издавачи. Сега е вработен како дизајнер во Студиото на печатницата „Македонска ризница“ во Скопје. Како ликовен уредник и графички дизајнер реализирал голем број капитални издавачки проекти и библиофилски изданија. Во првата половина на седумдесеттите години, заедно со сликарот Симон шемов, изведувал акции и интервенции во природен и во урбан проликовна уметност 1894&1994, автор на изложбата Соња Абаџиева, Музеј на современата уметност, Скопје, ноември 1994, 79 136 и 141 (со една репродукција). С. Мл. Славка Фиданова