ФЕРОЛЕГУРИ

ФЕРОЛЕГУРИ – легури на железото и на некој друг метал во кои железото е застапено со повеќе од 50%. Во Република Македонијасе произведуваат феросилициум, ферохром и др. во „Силмак“ (поранешен ХЕК „Југохром“) во Јегуновце; фероникел во „Фени-индустриес“ (поранешен „ФЕНИ“, т.е. „ФЕНИ-Мак“) во Кавадарци; фероманган и феросилициум во „Скопски легури“ (поранешна Топилница на Рудници и железарница „Скопје“). Суровини се рудите (домашни и од увоз), кои, освен железо, содржат метали и редуценси, јаглен и кокс, како и додатоци. Топењето и редукцијата се врши на високи темо ператури (над 1500 С) во електролачни печки. Карактеристики на производството се масовноста, големата потрошувачка на електрична енергија, вработувањето многу работници, создавањето големи количества троска од топењето, како и емисија на отпадни гасови, прашина и др. Оваа индустрија е важна стопанска активност за егзистенцијата и напредокот на региите во кои постои, но и потенцијален загадувач на животната средина од големи размери. Со променлива успешност во работењето, па и повремени застои. Со транзицијата фабриките станаа сопственост на странски инвеститори. Св. Х. Ј.