ФАКОМ АД

„ФАКОМ“ АД – производствено претпријатие формирано во 1960 г. во склоп на „РЖ – Скопје“ – Скопје, а од 1982 г. работи како самостојно претпријатие. Се состои од 2 единици: ФАКОМ Инженеринг и ФАКОМ Монтажа. ФАКОМ Инженеринг е организиран во три сектора: комерција, реализација и набавки и располага со над 25.000 м² производни хали. Во производните погони се произведуваат: заварени лимени носачи; профилирани челични поцинковани и пластифицирани лимови; градежни челични конструкции; браварија за градежни објекти; контејнери за живеење и превоз на товари, резервоари и силосни постројки; разни кранови – дигалки; челични градби за градежна и рударска опрема; термоенергетски постројки; процесна опрема; пневматски транспортни системи итн. Капацитетот се движи од 1.000 до 1.500 т/мес., односно 12.000–18.000 т/год. ФАКОМ Монтажа се занимава со: изградба, монтажа и ремонт на опрема за капитални индустриски и термоенергетски објекти. Располага со соодветна механизација: мобилни автодигалки (18–200 т) и сопствен возен парк. Сл. А.