УЧИЛИШНИОТ СПОРТ ВО МАКЕДОНИЈА

УЧИЛИШНИОТ СПОРТ ВО МАКЕДОНИЈА – организирана активност во бугарските, српските и грчките училишта со воведувањето на предметот гимнастика и со основањето на јуначките и соколските гимнастички друштва (1908–1912). Меѓу двете светски војни (1919–1941) се јавува како забава на учениците во рамките на училиштето. По Ослободувањето учениците се натпреварувале секоја година во југословенскиот систем „За Републиката напред“ (ЗРЕН, 1946–1948), а потоа и во рамките на Југословенските спортски игри. Грижа за организација на општинските и на републичкото првенство во повеќе спортски дисциплини воделе 29 формирани одбори во сите поголеми места. Подоцна Сојузот на училишните друштва на Македонија ги организирал натпреварите наречени „Мали олимписки игри“ (од 1970/71). Сега Сојузот носи назив Федерација (од 2002). По осамостојувањето на Републиката била воспоставена непосредна соработка со соодветни меѓународни организации. Д. С. Ученици и учители пред Машкатата гимназија во Солун (1893)