УСТАВ НА НРМ/СРМ

УСТАВ НА НРМ/СРМ – општи акти со најсилно правно дејство во македонската држава. Уставот на НРМ е донесен во Скопје, на 31. ⅩⅠⅠ 1946 г., од страна на Уставотворното собрание на НРМ. Има нормативен текст од 129 члена, распределени на три дела: основни начела; државно уредување и преодни и завршни одредби. Спаѓа во групата народнодемократски устави што се донесуваат по Втората светска војна во земјите што се определија да градат систем на народна демократија. НРМ е дефинирана како народна држава со републикански облик. Националните малцинства во НРМ уживаа право и заштита на својот културен развиток и на слободната употреба на својот јазик. Главни државни органи на НРМ: Народно собрание на НРМ, како еднодомно законодавно претставничко тело; Президиум на Народното собрание на НРМ, како колективен шеф на државата; Влада на НРМ, како извршен орган; Врховен суд на НРМ и Јавно обвинителство, како правосудни органи. Народните одбори се претставнички органи за прашања од локално значење. Уставот на НРМ содржи концепт за пренесен (делегиран) суверенитет на органите на ФНРЈ. Таквиот вид на суверенитет послужи како правна основа за повторно враќање на суверенитетот на македонската држава, кога се распадна југословенската федерација (1991). Уставот на СРМ е донесен во Скопје на 12. Ⅳ 1963 г. од страна на Народното собрание на НРМ. Содржи увод (основни начела) и нормативен текст од 242 члена. Спаѓа во групата социјалистички устави. СРМ се дефинира како државна социјалистичка демократска заедница на народот на Македонија, заснована на власта на работниот народ и врз самоуправувањето. На секоја народност (национално малцинство) $ се гарантира правото слободно да го употребува својот јазик, да ја изразува и да ја развива својата култура и да основа установи и организации што $ ги обезбедуваат овие права. Главни државни органи на СРМ: Собрание на СРМ, како највисок петдомен орган на власта и орган на општественото самоуправување; Извршен совет; Уставен суд на Македонија; Врховен суд на Македонија и Јавно обвинителство. Општествено-политички заедници се општините, околиите и СРМ. Уставот на СРМ, како втор социјалистички устав, го донесе Собранието на СРМ на 12. Ⅳ 1974 г. Содржи преамбула, основни начела и нормативен текст од 450 члена. Во преамбулата се изложува генезата на македонската држава и се определуваат целите на уставното уредување. Основните начела го сочинуваат воведниот дел на уставниот текст, систематизирани во оддели. Тие претставуваат идејна, теориска и политичка основа за изградба на уставниот поредок и критериум за толкување на нормативниот текст. СРМ се дефинира како национална држава на македонскиот народ и држава на албанската и турската народност во неа, заснована врз сувереноста на народот и врз власта и самоуправувањето на работничката класа и на работните луѓе. Албанската и турската народност се определуваат како конститутивни субјекти на македонската држава, заедно со македонскиот народ. Главни државни органи: Собранието на СРМ како тродомен орган на власта и на социјалистичкото самоуправување, Претседателство на СРМ, Извршен совет, Уставен суд на Македонија, Врховен суд на Македонија, Јавно обвинителство и Општествен правобранител на самоуправувањето. Единствен облик на локалната самоуправа се општините. ИЗВ.: Устав на НРМ од 1946 година., Скопје, 1946; Устав на СРМ од 1963 година. Скопје, 1963; Устав на СРМ од 1974 година, Скопје, 1974. ЛИТ.: Светомир шкариќ, Уставно право на СФРЈ, Втора книга, Скопје, 1987. Св. ш. „Нова Македонија“ за прогласувањето на Уставот на Република Македонија(1991) УСТАВ НА Република МакедонијаОД 1991 – највисок правен акт, донесен од Собранието на Република Македонијана 17. Ⅺ 1991 г., по предлог на претседателот на Републиката Киро Глигоров, со 92 гласа од 120 избрани пратеници. Одлуката за прогласување на Уставот на Република Македонијае донесена со 96 гласа од вкупниот број избрани пратеници во Собранието на РМ. Уставот на Република Македонијане доби поддршка од 22 пратеници од редот на албанските политички партии (ПДП и НДП). Содржи преамбула и нормативен текст од 134 члена. Во преамбулата Република Македонијасе определува како национална држава на македонскиот народ, во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности што живеат во РМ. Во нормативниот текст Република Македонијасе дефинира како суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Во Република Македонијасуверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Република Македонијасе грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од земјата, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив. Припадниците на националностите имаат право слободно да ги изразуваат, да ги негуваат и да ги развиваат идентитетот и националните особености. Главни државни органи: Собрание на РМ; Претседател на Република; Влада на РМ; Уставен суд на РМ; Врховен суд на РМ; Републички судски совет; Јавно обвинителство и Народен правобранител. Единствените облици на локалната самоуправа во Република Македонијасе општините. Уставот на Република Македонијае дополнет со 30 амандмани во периодот од 6. И 1992 до 7. ⅩⅠⅠ 2005 г. ИЗВ.: Устав на Република Македонија, Скопје, 1991. ЛИТ.: Светомир шкариќ, Уставно право, Скопје, 2006. Св. ш. Устав на ТМОРО (1896)