УСТАВ НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

УСТАВ НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – црковно-правен акт со кој се утврдени статусот, внатрешното уредување, структурата на црковната власт (законодавната, извршната и судската) и дејностите. Уставниот статус на Македонската православна црква е автокефална, помесна православна црква со степен на Архиепископија, како продолжителка и верна наследничка на Охридската архиепископија. Има достоинство на Архиепископија, со Поглавар на Македонската православна црква со титула Архиепископ Охридски и Македонски. Ги определува симболите – грбот и знамето, службениот (македонски) јазик и неговото (кирилско) писмо и богослужбените јазици (црковнословенскиот и македонскиот јазик). Првиот Устав бил донесен на Вториот црковно-народен собор (1958); вториот, со одредени измени и дополнувања, на Вонредниот митрополитски црковно-народен собор (21–22. ⅩⅠⅠ 1961), третиот на Црковно-народниот собор одржан на 17–18. Ⅶ 1967, четвртиот на Соборот на 28–29. Ⅹ 1974 г. и последниот на Архиепископскиот црковно-народен собор во Скопје (31. Ⅹ и 1. Ⅺ 1994). ЛИТ.: Устав на Македонската православна црква, Скопје, 1995. Рат. Гр. Првиот Устав на НРМ (од 31 декември1946)