УСТАВОТВОРНО СОБРАНИЕ НА НРМ

УСТАВОТВОРНО СОБРАНИЕ НА НРМ – највисок орган на уставотворната власт во НРМ (ле поувоир цонституант), конституиран врз основа на Законот за Уставотворното собрание на НРМ од 27. Ⅶ 1946 г. Врз основа на овој акт, на 22. Ⅸ 1946 г. беа спроведени избори за избор на членови на Уставотворното собрание. Од 672.729 избирачи запишани во избирачките списоци, гласале 544.080 или 94%. За кандидатската листа на Народниот фронт гласале 99,25%, а за десетте слободни кандидати 0,75% од избирачите што пристапиле кон гласањето. За пратеници на Уставотворното собрание беа избрани 192 члена, од 42 изборни единици. Пратеници станаа неколку илинденци и поголем број делегати на АСНОМ. Уставотворното собрание го донесе Уставот на НРМ со 180 гласа, по предлог од Уставотворниот одбор, во состав: Наум Наумовски, Борис Станковски, Боге Василевски, Амди Демир, Борис Хр. Чаушев, Веселинка Малинска, Димитар Влахов, Александар Мартулков, Лазар Мојсов, Петре Пирузе, Борис Поцков, Ремзи Ис-маил, Никола Вражалски, Страхил Трајковски, Душко Лукаревски, Крсте Цевенковски, Александар Мартиновски, Георги Ивановски, Исмаил Хамди, д-р Стерјо Боздов и Емин Калнагар. За заменици на членовите на Уставниот одбор беа избрани: Гојче Стефковски, Нуман Халил Вејсел, Ристо Бајалски, д-р Александар Дума, Никола Пешев, Муса Јајов, Круме Наумовски, Крсте Марковски, Садик Несими, Стоилко Иванов, Џафер Кодра, Емануел Чучков, Бејзат Муратов, Ристо Џунов, Кирил Михајловски, Трајко Николов, Михајло Милошевски, Џафер Демиров, Лазар Гиновски, Ирфан Дика и Боро Чушкар. ЛИТ.: Педесет години од Уставот на Народна Република Македонија, Скопје, 1996. Св. ш. УТ (лаута) – музички народен инструмент од персиско-арапско потекло. Од тамбурите се разликува според покусиот врат (190 мм), но уште повеќе според поголемиот обем на полукрушкестиот корпус (со должина до 470 мм и длабочина од 180 мм). Има 8 жици или 4 унисони пара. Тонот Ут (лаута) е потемен и мек. Се музицира соло, но и во оркестарски состави (најчесто чалгии). ЛИТ.: Михаило Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 46. Ѓ. М. Ѓ.