УСПЕНИЕ НА СВ

УСПЕНИЕ НА СВ. БОГОРОДИЦА“ (Манастир Трескавец) – манастирска црква изградена под Златоврв, на околу 10 км од Прилеп. Комплекс од повеќе градби настанати во различни временски периоди. Денешната црква има форма на еднокорабна градба, Црквата „Успение на Света Богородица“, Златоврв, Прилепско расчленета во неколку травеи, со петострана олтарна апсида од надворешната страна. Над централниот дел се извишува купола. На јужната страна првобитно се наоѓала кула-пирг, со приземна капела, од која е зачуван само западниот ѕид, со фреско-насликаните портрети на ктиторите. Во ⅩⅣ в. од западната страна бил дограден простор со калота, од северната страна бил изграден параклис, а од западната и од јужната страна голема припрата, над која се надвишуваат две кубиња. Фрескоживописот во комплексот од повеќе градби потекнува од различни временски периоди. Со средствата на цар Душан (1334– 1343) биле насликани сцени со илустрации на Календарот (јануари, март, април, јуни, август), проследени со текстови на стиховите од познатиот поет Христифор од Метилена (Ⅺ в.). Кон средината на ⅩⅣ в., со средства на тепчијата Градислав, била доградена јужната капела, која денес во целина не постои. На делумно зачуваниот западен ѕид останале портретите на ктиторот Градислав и неговата жена. Во 1431 г. во нишата над јужната врата што води во наосот била насликана фреско-икона со ликот на Богородица. Наосот на црквата е живописан кон крајот на ⅩⅤ в. Авторот, кој не е познат, сликајќи ги фигурите од првата зона во цел раст, се трудел да ги претстави во богато украсени благороднички облеки, со раскошни капи на главите. Во 80-тите години на ⅩⅤⅠ в. била об-новена и живописана олтарната апсида (средствата за таа цел ги обезбедил Стојан Хрнчев), а во 1849 г. крушевските зографи ги сликале слепата калота и западниот ѕид на наосот. Во манастирскиот комплекс се наоѓа старата трпезарија со делумно зачувани оригинални камени маси и клупи. ЛИТ.: Ј. ИвановÍ, БÍлгарски старини изÍ Македония, София, 1931; В. Петкови¢, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950; В. Ј. –ури¢, Византијске фреске у Југославији, Београд, 1974; Б. Бабиќ, Културно богатство на Прилеп од Ⅴ до ⅩⅠⅩ в., Бел-град, 1976. К. Б.