УРУМОВА, Епса Димкова (Велес 14. Ⅹ 1922) – спец. по патолошка анатомија (1955), редовен проф. на Мед. ф. (од 1974). Студирала медицина во Белград и во Софија, каде што и дипломирала (1948). Хабилитирала со трудот за Пнеумоцѕстис Ца-Е. Урумова: Декеровата барака во која е одржан првиот академски час на Медицинскиот факултет во Скопје ринии (1959). Се усовршувала во Загреб, Дизелдорф, Келн и Базел, а за судска медицина во центрите во Љубљана, Загреб и Белград. Изведувала настава по патологија на новоформираниот Мед. ф. во Ниш. Директор на Институтот за патолошка анатомија и шеф на Катедрата (1972–1981). Вовела експериментална патологија на очното јаболко, примена на диференцијални боења за специфични ткива во светлосната микроскопија и клиничко-патолошките научни конфронтации. Публикувала над 100 труда. Била претседател на Друштвото на патолозите на Југославија и го организирала Ⅳ конгрес на патолозите на Југославија (1983). ИЗВ.: Билтен УКИМ, бр. 215. К. К.-П.