УРОВ

УРОВ (Вициа ервилиа Њилд.; Ервум ервилиа Л.) – едногодишна мешункеста култура од фам. Фабацеае. Во минатото оваа култура била една од најраспространетите фуражни култури во РМ, а во некои реони и единствена. Зрното се употребувало како концентрат за добитокот. Се користат зрното и целото растение. Има кратка вегетација (90–100 дена). Се користи и како додаток во кафе. П. Ив.