УНИВЕРЗИТЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА

УНИВЕРЗИТЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА – високообразовни и научни установи со особено значење за македонското општество, науката, културата и уметностите. Нивниот развој започнува по ослободувањето на Македонија и воспоставувањето на државноста. Во Македонија работат 6 универзитети, четири државни и два приватни. Државни универзитети се: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (1946); Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола (1979), Тетовски државен универзитет – Тетово (2004) и Универзитет „Гоце Делчев“ & Штип (2007); приватни: Универзитет на Југоисточна ЕвропаТетово (2001) и Европски универзитет „Република Македонија“ – Скопје (2005), а во последно време и поголем број нови приватни универзитетски институции. Универзитетот го сочинуваат факултети и научни институции. Во државните универзитети, факултетите и научните институти имаат својство на правно лице, а кај приватните, правно лице е само универзитетот. Раководни органи на универзитетот се: сенат, ректорска управа и ректор (со проректори), а на факултетот: наставнонаучен совет, факултетска управа и декан (со продекани). Државните универзитети финансиски ги помага државата, додека приватните се со самофинансирање. На сите универзитети студиите се организирани на две нивоа: додипломски и постдипломски студии. Додипломските студии траат од 3 до 5 (медицина 6) години и завршуваат со изработка на дипломска работа. Постдипломските се организирани како специјалистички (1 год.), магистерски (2 год.) и докторски (3 год.) студии. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е прв македонски универзитет, основан во 1946 г. во Скопје, со отворањето на (в.) Филозофскиот факултет. Официјализиран е со Закон за Универзитетот во Скопје (1949), со кој дотогашните релативно самостојни факултети: Филозофскиот (1946), Земјоделско-шумарскиот (1947) и Медицинскиот (1947) се обединети во Универзитет како „највисока научно-воспитна установа во НРМ“. Со Одлука на Универзитетскиот совет (април 1969) првиот македонски универзитет го добива името Универзитет „Кирил и Методиј“, а со нова одлука (ноември 1992) – денешното име Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (в.). Брзо се развива и станува средиште на развојот на науката, културата, уметностите и на образованието на високостручни кадри. На Универзитетот се остваруваат над 150 студиски програми во додипломските студии, како и голем број програми во постдипломските (специјалистички и магистерски) студии. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола е формиран во 1979 г. (името го добива во 1994). На овој универзитет студираат околу 15.000 студенти. Државниот универзитет во Тетово ја има следната организациска структура: Природно-математички факултет, Факултет за хуманистички науки и уметност, Правен факултет, Економски факултет, Центар за политехнички студии и Центар за студии за високо стручно образование за медицински сестри. Работи од 1994 г., но официјално е признат и озаконет во 2004 г. За дисперзија на високото школство во Република Македонијаво 2007 г. е формиран и Универзитет „Гоце Делчев“ & Штип (в.). Приватниот Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово е основан со помош на меѓународната заедница во 2001 г. Универзитетот е унитарна институција со 5 факултети: Правен, Бизнис администрација, Јавна администрација, Комуникациски науки и технологии и Педагошки факултет (Факултет за обука на наставници). Наставата се изведува на албански, на македонски и на англиски јазик. На овој универзитет студираат околу 5.000 студенти. Приватниот Европски универзитет „Република Македонија“ во Скопје со акредитација за работа се здоби во 2005 г. За кординаци-Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола ја, соработка и успешно извршување на дејноста, универзитетите во Република Македонијаи приватните високошколски установи што не се во состав на универзитет, формираат Интеруниверзитетска конференција (в. Високо образование во Македонија). ЛИТ.: К. Камберски, Од буквар до универзитет, Скопје, 1994. К. Камб.