УКРАИНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

УКРАИНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Се воспоставуваат уште по покрстувањето во средниот век (998), а се развиваат и по поразот на Австрија во Австро-турската војна (1683–1699), кога значителен број Македонци со австроунгарската војска се повлекуваат во денешна Војводина и Унгарија, од каде, соочени со опасноста од покатоличување, со дозвола на руската царица Екатерина, се населуваат по текот на Днепар, кога се формира и македонски хусарски полк. Во 1900 г. во Киев, потоа и во Одеса, се формира Македонскостудентско друштво, а подоцна и Таен македонскоодрински кружок. Украина ја признава Република Македонијана 23. Ⅶ 1993 г., а дипломатските односи се воспоставуваат на 19. Ⅺ 1996 г. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонијаво Украина е Владо Блажевски. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Украина во Република Македонијае Вјачеслав Поквалски (нерезидентен, од Софија). Во војната од 2001 г. Украина $ помага на РМ, снабдувајќи ја со оружје и авиони. Се развива активна соработка на МАНУ со Националната академија на науките на Украина. ЛИТ.: Александар Матковски, Македонскиот полк во Украина, Скопје, 1985; Ахил Тунте, Република Македонија – прва декада (1990–1999), Скопје, 2005. Т. Петр. Некрополата Уланци