УВОЛАЖИ

УВОЛАЖИ (Дермаптера) – инсекти со издолжено тело. На задниот крај од телото се наоѓаат два хитинизирани израстока (церци), кои се во облик на клешта и служат за напад и одбрана. Големината варира од 0,5 до 3 цм. Познати се околу 1.500 видови, широко се распространети – космополити, со поголем број видови во потоплите краеви. Обична уволажа Во Македонија е (Форфицула аурицулариа Л.) позната обичната уволажа (Форфицула аурицулариа Л.), долга до 15 мм. Активна е ноќе, се крие под камења, листови и дрвја. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.