ТУПУРКОВСКИ, Васил

ТУПУРКОВСКИ, Васил (Скопје, 8. Ⅳ 1951) – унив. професор, правник, политичар. Дипломира на Правниот факултет во Скопје (1972), магистрира на Правниот факултет на Универзитетот во Мичиген, САД (1972) и докторира на Правниот факултет во Скопје (1976). Вработен е на Правниот факултет во Скопје (1974–). Бил претседател на ССМЈ (1979–1980), член на ПЦК на СКМ (1982–1986), на ПЦК на СКЈ (1986–1989), на Претседателството на СФРЈ (1989–1992). Бил специјален претставник на Претседателот на Република Македонијаво процесот на признавањето на Република Македонија(1991); основач и претседател на Демократската алтернатива (1998–2006); потпретседател на Владата на Република Македонија(1998–2000). БИБ.: Обединетите нации и мирот, Скопје, 1982. ИЗВ.: Архива на Правен факултет „Јустинијан Први“ & Скопје, Скопје 2007. Т. Петр. Турбето на Алаџа џамијата во Скопје