ТРКАЛАЧИ

ТРКАЛАЧИ (Сцарабаеидае)– крупни и средно големи тврдокрилни инсекти. Имаат устен апарат за грицкање. Предните нозе им се приспособени за риење во земја. Фамилијата е претставена со видови кои се специјализирале во грижата за потомство. Женките прават топчиња од сточни лепешки, ги тркалаат и на погодно место ги закопуваат. Во вдлабнатото место на топчињата полагаат јајца. Ларвите како и возрасните се хранат со топчестите лепешки. Во светот се познати 20.000 видови. Во Македонија се регистрирани 137 видови, од кои најпознати се: Сцарабаеус пиус Иллигер, Сцрабаеус аффинис Брулле и Сисѕпхус сцхаефери Л.. ЛИТ.: Рене Миксиц, Зњеитер Нацхтраг зüр “Фауна Инсецторум Балцаница-Сцарабеидае“, Ацта. Тркалач Мус. Мац. Сци. Нат., Ⅳ, 7-9, (Сисѕпхус Скопје, 38-40; Јонче шапкасцхаефери) рев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје 1991; Владимир Крпац, Бранислава Михајлова, Биодиверситѕ оф Мацедониа фром а виењ поинт оф хитхерто фаунистиц инвестигатионс. Партиципатион њитх Ундерпројецт: Класс Инсецта,Мацедониан Мусеум оф Натурал Хисторѕ – Министрѕ оф Сциенце, Финал Репорт, Скопје, 1999, 23-30; Група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Скопје, 2003. В. Т. К.– М. Кр.